Western Union
 

Тел: + 389 2 32 18 902  Булевар ,, Крсте Мисирков ’’ Д.Т.Ц. Мавровка, Лам Ц Спрат 4, 1000 Скопје  |   Дома   |   English  |  Shqip  

Примање на Пари

Како да примите пари во некоја агенција на Western Union?

Сега можете да примите пари на најсигурен и најбрз начин во повеќе од 305.000 Агенции на Western Union ширум целиот свет.

Да испратите пари е многу едноставно:

  • Потребно е да отидете до најблиската агенција на Western Union, да потполните формулар за Примање на пари да го напишете Контролниот Број на Трансферот на Пари (MTCN).
  • Во формуларот напишете го приближниот износ што го очекувате да го примите, името на Испраќачот како и местото од каде се испратени парите.  
  • Покажете важечки документ за идентификација (пасош или лична карта).
  • Парите можете да ги подигнете за неколку минути. Службеникот во Western Union ќе ви ги исплати парите и ќе ви даде еден примерок од формуларот за трансферот.

Во зависност од државата и износот на парите кој ќе ги примите можно е да се бара од вас да одговорите на Тест Прашање за да се потврди дека вие сте лицето кое треба да ги прими парите. Ова прашање го пишува испраќачот со цел службеникот на Western Union да може полесно да ве идетификува. Во зависност од државата и износот на парите вие можете да ги подигнете парите во готово или со чек.

Контролирајте го статусот на вашиот трансфер

Western Union ви нуди можност да го проверите статусот на вашиот трансфер. За да проверите дали е извршен трансферот и дали парите се спремни за да ги примите вие можете да ја употребите услугата on line - Money Transfer Tracking на Western Union.